Прва плеј-оф победа за Еурофарм Работник

Ракометарите на Еурофарм Работник стигнаа до првата своја победа во Плеј-офот од Суперлигата, славејќи на гостувањето против Борец со 26-32 (13-10).

Битолчани до триумфот стигнаа благодарение на далеку поквалитетно одиграното второ полувреме кое пресуди. Откако Борец имаше предност на полувреме од 13-10, во вториот дел ракометарите на Еурофарм заиграа далеку поагресивно во одбраната што за нив донесе плус од девет гола, за конечни 26-32.

Ова е втор натпревар за битолчани во плеј-офот и прва победа. Борец, пак, го запиша и третиот пораз останувајќи на последната позиција во разигрувањето за титулата.

Се вчитува...