Прва победа на „пелистерци“ во БиХ

Пелистер забележа победа на првиот контролен натпревар на подготовките во БиХ, славејќи на мечот против Леотар со резултат 76-82.

Битолчани се уште се во фаза на воигрување под водство на новиот тренер Марјан Илиевски и „ремонтот“ на играчкиот кадар, но првите знаци се позитивни, откако „пелистерци“ одиграа добар меч и заслужено стигнаа до победата.

Нацевски со 14 поени беше најефикасен во таборот на македонскиот претставник, 12 постигна Кесар, Зекири и Стајиќ беа стрелци на по 10 поени, а по девт поени реализираа Мартин, Басит, Вилијамс и Бојан Трајковски.

Битолскиот прволигаш в петок го очекува нова контрола како дел од овие подготовки, против екипата на Чапљина, а за недела е закажан дуелот со Зрињски.

Се вчитува...