Прва победа во кариерата за Педро Акоста во Мото ГП

Возачот на КТМ, Педро Акоста, е победник на трката за Големата награда на Австрија која се возеше на патеката Шпилберг во Мото ГП класата.

Ова воедно е прва победа за Акоста во Мото ГП класата и повеќе нема да биде мотоциклистот со највеќе пласмани на победничкиот подиум без да се радува на победа на трка во најсилната класа.

Досега неколку пати беше блиску до целта, но проблемите со мотоциклот го спречија порано да дојде до премиерниот триумф.
И на вчерашната спринт трка, Акоста беше блиску до триумфот, но грешката во финишот од трката го чинеше победа, која ја однесе Хорхе Мартин.

Денеска Акоста беше решен да ги исправи работите, го претекна Мартин во деветтиот круг и не го испуши водството до крајот. Шампионот Марк Маркез рано на трката направи грешка која го чинеше битка за победничкиот подиум и на крајот заврши на петтата позиција.

На второто место заврши Мартин кој стартуваше од пол позицијата, трет беше Марко Бецеки, четврти Аи Огура.
Лидер во генералниот пласман е Мартин со 306 бодови, 12 повеќе од Марк Маркез, Бецеки има 264, а победникот на трката, Акоста е четврти со 234 освоени бодови во шампионатот.

Се вчитува...