Прва победа за Кожув во БИБЛ: Совладан Барси Атирау во Казахстан

Кошаркарите на Кожув стигнаа до првата победа во четвртиот свој натпревар во БИБЛ лигата, славејќи на гостувањето против Барси Атирау во Казахстан со 73-82.

Домашните одлично го почнаа натпреварот доаѓајќи и до предност на почетокот од мечот, но гевгеличани потоа презедоа се во свои раце па откако ја добија втората четвртина со 8-20, веќе се навестуваше победникот.

Во второто полувреме македонските кошаркари само рутински ја одржуваа предноста, на крајот и за победа од девет поени разлика.

Најефикасен во редовите на Кожув беше Роберт Левис со 18 поени, дополнети и со седум скока и четири асистенции, 15 поени постигна Пековиќ а мечот со 14 поени го заврши Мишковиќ кој имаше и 13 скока. Кај домашните се издвои Климов со 19 постигнати поени.

Се вчитува...