Прва победа за Мориарти на Супер спуст шампионатот

Американецот Камерон Неш го презема водството во генералниот пласман по трката на домашен терен со освојување на четвртиот пласман на подиум во низа, додека Канаѓанецот Дин Мориарти ја прослави првата победа во кариерата пред огромната публика во Минесота.

Студената, но возбудлива вечер донесе одлична акција со маневри кои предизвикуваат морници во рбетот, судири од кои се тресат коски, па дури и тепачка на целта по полуфиналаната трка од светското првенство во екстремен спуст на лизгалки, Red Bull Crashed Ice. Австриецот Марко Далаго беше второпласиран, додека бранителот на титулата, Американецот Камерон Неш, успеа да стигне до третото место и покрај ударот во ѕидот. Во женската трка, Канаѓанката Миријам Трепание ги освои почестите како победник.

Мориарти е шестиот различен победник во шест различни трки оваа сезона, демонстрирајќи одлични перформанси под притисок во трката против тројцата поранешни светски шампиони, одржана на смрзнатата патека со должина од 340 метри, која има висинска разлика од 35 метри. Со бомбастичниот старт пред катедралата Сент Пол, тој се наметна како лидер по првиот свиок, а потоа го издржа притисокот од Неш кој сака да стане првиот лизгач што ќе успее да ја одбрани титулата, иако ова е најконкурентната сезона во историјата на спортот.

Досега никогаш немало толку различни победници во една сезона. Со четвртиот подиум во низата која започна во Марсеј, а продолжи во Јиваскила, Рауталампи и сега во Сент Пол, Неш го презема водството во генералниот пласман со 2.350 поени, додека Максвел Дан заврши седми и сега има 2.160 поени. На една трка пред крајот на првенството, но со уште две трки во „Купот на лизгачите“, Канаѓанецот Скот Кроксал е трет со 2.112,50 поени откако падна во полуфиналната трка во Сент Пол и заврши шести.

Шампионот од 2014 година, Марко Далаго, сега е четврти со 2.033,5 поени.

„Успеав да најдам начин да освојам многу подиуми оваа сезона. Убаво е да се биде прв на табелата, но немам голема предност, противниците се навистина силни и се веднаш зад мене“ – рече Неш, кој беше малку разочаран од пласманот на третото место пред своите навивачи.

ред бул трка

Од друга страна, Мориарти беше одушевен со победата откако во голем број случаи беше блиску до неа, но немаше среќа да слави претходно.

„Чувството е одлично! Ми падна голем товар од грбот“– рече Канаѓанецот.

Австриецот Марко Далаго итро ја искористи шансата по дуелот меѓу Неш и Кајл Кроксал што му го донесе второто место, што му овозможи да се реваншира за дисквалификацијата на неговиот брат Лука, кој победи во полуфиналната трка, но потоа беше вовлечен во инцидент од Скот Кроксал, па беше дисквалификуван. Во женската трка исто така имаше голема драма. Американката Аманда Транзо беше на второто место зад Трепание и можеше да ја освои титулата, но падна пред целта и финишираше четврта.

Таа се уште има предност во пресрет на последната трка, бидејќи минатогодишната шампионка Жаклин Лежер падна во полуфиналето. Американката Седи Лундквист на крајот завшри втора, а Тамара Каџа трета.

Резултати (мажи): 1. Дин Мориарти (Канада), 2. Марко Далаго (Австрија), 3. Камерон Неш (САД), 4. Кајл Кроксал (Канада), 5. Даниел Бергесон (САД), 6. Скот Кроксал (Канада), 7. Максвел Дан (САД), 8. Лука Далаго (Австрија), 9. Мирко Лахти (Финска), 10. Гиом Буве-Морисет (Канада). Табела (мажи): 1. Неш 2.350 поени, 2. Дан 2.160 поени, 3. Скот Кроксал 2.112,5 поени, 4. Марко Далаго 2.033 поени, 5. Дин Мориарти 1.300 поени, 6. Бергесон 1.095 поени, 7. Кајл Кроксал 1.045 поени, 8. Тристан Дужерди 875 поени, 9. Ден Вити 848 поени. 10. Лука Далаго 816 поени.

Резултати (жени): 1. Миријам Трепание (Канада), 2. Седи Лундквист (САД), 3. Тамара Каџа (Канада), 4. Аманда Транзо (САД), 5. Сидни О`Кифи (САД). Табела (жени): 1. Транзо 2.300 поени, 2. Лежер 1.810 поени, 3. Трепание 1.790 поени, 4. О`Кифи 1.410 поени, 5. Каџа 1.250 поени

Се вчитува...