Екипата на Пелистер во третиот обид стигна до првата победа во второлигашка конкуренција откако битолчани попладнево славеа на гостувањето во Скопје против Македонија ЃП со 0-1.
Во меч во кој и двете екипи имаа свои шанси клучна се покажа 81. минута, кога битолчани стигнаа до триумф благодарение на пеналот на Ивановски, кој со гол го круниса своето деби во зелено-белиот дрес.
На преостанатите второлигашки натпревари Осогово и Новаци одиграа 0-0, Работнички го совлада Еуроммил со 1-0 со погодокот на Богдановски, а до цел плен стигна и Брера, со триумфот од 2-1 над Кајмани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
