По дваесет дена пауза поради репрезентативните обрски, прволигашката кошарка се враќа со три дуели од 15. коло по кои ќе видиме чија победничка низа ќе продолжи, а кој ќе успее да излезе од низата порази.
Првата средба носи големо возбудување во Кавадарци каде од 18 часот Еуро Никел го пречекува Работнички. Овие два тима одиграа одличен прв натпревар во главниот град каде во неизвесна завршница „црвено-белите“ го одбранија домашниот терен. За разлика од тој дуел, овој пат двата тима влегуваат во средбата со промени во своите ростери, а како ќе функционираат новите засилувања останува да видиме.
Во истото време (18 часот) во Куманово гостува Гостивар. „Сино-белото“ дерби секогаш носи возбудување, па така нека биде и овој пат. Двата тима се наоѓаат во извонредна серија од пет победи во низа, Куманово од смената на тренерското место игра одлично на домашната сцена и БИБЛ лигата, додека избраниците на Србиновски покрај денешниот противник, забележаа значајни победи над МЗТ Скопје 2, Академија ФМП, Пелистер и Евро Никел.
Последниот натпревар денеска ќе биде одигран во Кисела Вода, исто така од 18 часот каде Академија ФМП ќе се обиде да им се врати на победите по серијата од четири порази едно по друго. Во далеку подлабока резултатска криза е и новалијата од Струга кој по премиерната победа во второто коло, забележа порази во дванаесет натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА