Првата лига стартува во недела, клубовите сами ги плаќаат ПЦР тестовите

На средбата на прволигашите дефинитивно е одлучено дека новата сезона во ПМФЛ ќе стартува во недела на 8. август, со тоа што клубовите ќе ги покријат ПЦР тестовите за првото коло.

Тие донесоа одлука да се достави барање до македонската влада за веќе од следните кола да нема ПЦР тестови, па ќе се очекува одлуката на комисијата за заразни болести.

Потврдена е одлуката на ФФМ дека ќе има присуство на навивачи на стадионите од недела со 30 отсто капацитет. Исто така прволигашите ја отворија и темата за ТВ правата за поделба на финансискиот колач, меѓутоа за тоа прашање ќе има дополнителна средба меѓу ФФМ и прволигашите.

Се вчитува...