Првата реакција на Ѓоковиќ по немилиот настан – „Таа не мора во болница, зар ќе донесеш одлука по шаблон?“

Првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ е дисквалификуван од УС опен откако несмасно со топче ја погоди линиската судијка на мечот против Карено Буста. Ѓоковиќ кој изгуби брејк за негатива од 6-5 во првиот сет во момент на нервоза го удри топчето кое заврши во лицето на линиската судијка.

Тој во конверзацијата со супервизорот вели дека колку и да е немила сцената судијката не мора да оди во болница.

„Таа не мора да оди во болница поради ова. Ќе донесеш одлука по шаблон во ваква ситуација? Мојата кариера, грен слем, централниот терен“, изјавил веднаш по немилиот настан Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ не се појави на прес по завршувањето на мечот, а од американската тениска асоцијација донесоа одлука да му бидат одземени бодовите и парите кои што ги освоил досега на турнирот.

Се вчитува...