Првиот болид на Михаел Шумахер се продава за милион долари

Болидот на Бенетон што го возеше Михаел Шумахер во неговата прва сезона во Формула 1 во 1991 година, следниот месец ќе биде ставен на продажба. Според првичните проценки, болидот ќе достигне цена од 1 милион долари.

Со оглед на тоа дека се работи за историски болид кој го возеле двајца светски шампиони, цената е реална. Болидот Бенетон Б-191-02 дебитираше на трката за ГН на Сан Марино кога беше управуван од Роберто Морено. За трката во Монтреал, овој болид му беше доверен на тројниот шампион, Нелсон Пике, кој победи на оваа трка по проблемите со моторот што ги имаше Најџел Менсел. Подоцна, овој болид заврши на петиото место во В.Британија и на осмото место во Франција.

За последните две трки во 1991 година, во Јапонија и во Австралија, зад воланот на Бенетон 191 седна Михаел Шумахер во неговата прва сезона во Формула 1.

Откако беше повлечен од патеката, болидот неколку години потоа беше изложен во музеј. Во 2016 година болидот е реставриран и е во одлична возна состојба иако не ги поседува најновите мерки за безбедност одобрени од ФИА.

Продажбата на легендарниот болид на Бенетон ќе биде организирана на патеката Спа Франкошамп во Белгија на 21 мај. Се проценува дека болидот може да достигне цена од 815.000 до еден милион долари, но не е исклучено да биде надмината и оваа сума.

Се вчитува...