Првиот човек на РФМ со порака пред баражот за СП: „Ракометот секогаш ја сплотува цела држава – нека биде така и сега!“ (ВИДЕО)

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК, гостуваше претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов непосредно пред бараж пресметките на националниот тим за пласман на СП 2027.

Денеска од 19 часот Македонија во Прешов против Словачка го игра првиот натпревар од мундијалскиот бараж, па првиот човек на РФМ, Стефанов, испрати порака до ракометарите и до целата македонска јавност…

„Малку со спортска среќа и со Божја помош да успееме во континуитет да ја радуваме оваа нација. Знаете, ние сме мали и ретко имаме причини за големи спортски радувања, па токму овие настани буквално ја сплотуваат целата нација, подигнувајќи го моралот и мотивот за нови успеси“ – порача Стефанов, притоа дополнувајќи:

„Мислам дека треба да си дадеме признание, не зборувам за мене, туку за играчите, за тренерите и за целиот стручен штаб, па и за целата македонска јавност што не бодри и поддржува на сите натпревари. И во Словачка сега ќе имаме навивачи кои што ги праќаме од тука да не бодрат таму. Така што мислам дека еден таков успех во ракометот би бил најсреќен, не само за мене, туку и за целата држава и за целиот народ тука!“.

======================================================

ЗАСЛЕДЕТЕ ГО НАШИОТ ЈУТЈУБ КАНАЛ

==================================================
ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО АЛЕКСАНДАР СТЕФАНОВ И СО ФИЛИП МИРКУЛОВСКИ МОЖЕ ДА ГО ГЛЕДАТЕ ТУКА….

Се вчитува...