Првиот пик на драфтот во 2017 година го засили Сакраменто

НБА франшизата Сакраменто ги засили своите редови со ангажман на плејмејкерот Маркел Фулц кој пристигнува како слободен играч бидејќи немаше клуб од почетокот на сезоната.

Фулц беше одбран како прв пик на драфтот во 2017 година, но честите и несекојдневни повреди го спречија да го покаже својот потенцијал. Тој беше одбран од страна на Филаделфија за која настапуваше две сезони пред да биде трејдуван во Орландо.

Се вчитува...