Првиот пораз ја заврши идилата во Челси: Тухел го избрка Рудигер од тренинг

Томас Тухел добиваше комплименти за создавање на победничка атмосфера во тимот на Челси, но тоа експресно се промени откако „сините“ го претрпеа првиот пораз под водство на Германецот, на домашен терен од аутсајдерот ВБА. Главен трагичар беше најискусниот Тијаго Силва, кој при водство од 1-0 направи почетнички старт за црвен картон, а ситуацијата била зовриена и ден по поразот, што придонело да дојде и до конфликт меѓу дефанзивецот Антонио Рудигер и резервниот голман Кепа Аризабалага.

Британските медиуми информираат дека не дошло до физичка пресметка, но Тухел веднаш го избрал од тренингот Рудигер, како порака до сите останати фудбалери дека очекува максимално залагање и професионализам, не само на натпреварите, туку и на тренинзите.

„По 14 мечеви без пораз, не смееме да дозволиме да ја загубиме главата затоа што еднаш сме загубиле меч.  Мора да се остане смирен, ова ни беше прв заеднички пораз и мораме да најдеме начин да се справиме со ситуацијата. Премногу фрустрација не е продуктивна во вакви моменти“, изјави Тухел.

Се вчитува...