Првиот шок на Мундобаскетот: НБА-Доминикана на крилјата на Таунс и Фелис ја реши Италија!

Кошаркарите на Доминиканската република го приредија првото изненадување на Светското првенство триумфирајќи убедливо против Италија во Групата А со 82-87.

На крилјата на Карл-Ентони Таунс и Андрес Фелис, Доминикана дојде повеќе од заслужено со голем пресврт во второто полувреме.

Италија добро го почна мечот добивајќи ја првата четвртина со 19-13, за да на полувремето сепак се дојде до само еден поен предност за Италијанците (39-38). Но, во вториот дел следеше тотална доминација на Доминикана. Интересно, на три минути пред крајот Доминиканската република имаше предност и од 16 поени разлика (67-83), но Италија успеа со неверојатна серија од 15-2 да дојде во финишот до 82-85. Сепак, немаше сили за пресврт за конечна победа на Доминикана од 82-87.

Андрес Фелис ги намести нишанските справи на дуелот постигнувајќи 24 поени, дополнети со пет скока и пет асистенции, а Карл-Ентон Таунс го заврши со „дабл-дабл“ од 24 поени и 11 скока. Спису беше најефикасен кај Италијанцте со 15 постигнати поени.

 

Се вчитува...