Првиот тренер на Никола Јокиќ во НБА: Не знаев ни како се вика, но и ден денеска ми праќа едно видео

Никола Јокиќ, актуелниот шампион на НБА лигата наскоро би можел да го добие и третото МВП признание за регуларниот дел од сезоната. Србинот денеска важи за еден од најдобрите, ако не и најдобриот кошаркар на денешницата, но како беше пред девет години кога како 20-годишник се појави на терените во Соединетите американски дражви?

На тоа се потсети, Мика Нори, првиот тренер на Јокиќ во НБА лигата кој интересно, сега е дел од стручниот штаб на Минесота, следниот противник на Денвер во разигрувањето за титула во Западната конференција и со оглед на повредата на главниот тренер Крис Финч би можел да го има главниот збор на теренот.

„Постојано се шалиме. Ми праќа видеа од Форест Гамп како трча во круг бидејќи тоа го правеше кога дојде тука“, откри Нори потсетувајќи се на Летната лига во 2015 година.

„Тогаш го имавме Гери Херис, Емануел Мудиеј и Јусуф Нуркиќ и тие беа нашите главни играчи. Не ни знаев како Никола се вика. Тоа доволно говори за мене како тренер“, низ смеа продолжи Американецот. „Ми приде тогаш и ме праша дали ќе викнам некоја акција за него. Му кажав дека тоа е мотивациска тактика за да постане играчот каков што е денеска. Ќе ценам доколку ми каже фала. Еве ќе го добие и третото МВП признание и се уште ме нема спомнато“

Се вчитува...