По смртта на една од најголемите фудбалски икони во историјата, Диего Армандо Марадона, првпат се огласија е дел од децата на аргентинскиот ас со емотивни пораки за својот татко.
Далма Марадона, најстарата ќерка на Диего, испрати повеќе од емотивна порака преку својот Инстаграм профил испратена со фотографија на Диего покрај неа пред еден тренинг во Наполи.
„Секогаш се плашев од мојата смрт, но не и денес… Затоа што знам дека тоа ќе биде моментот кога повторно ќе те видам и ќе те гушнам! Веќе ми недостасуваш. Не можам да издржам тука без оној дел од моето срце кое вчера го зеде со тебе. Ќе те сакам и бранам цел живот, затоа што тоа е мојата благодарност за заедничкиот живот кој го имавме. Уништена сум, но ќе биде подобро. Чекај ме таму. До тогаш ја ќе ја вежбам нашата омилена песна, за повторно да ја пееме заедно. Всушност ти да пееш, онака како што знаеш убаво, а јас да врескам. Те сакам тато! Верувај дека сите твои внуци во иднина добро ќе знаат кој точно си бил, кој си и кој ќе бидеш засекогаш. Сега, не можам да замислам каков ќе ми биде животот без тебе. Но, продолжувам. Тука сум со најдобриот сопруг на светот и ќерка кои ќе ме присилат да продолжам. Животот тука е краток, па се гледаме наскоро. Повторно ќе ти донесам маргаритки за да ги украсиме твоите фудбалски чорапи. И те молам, погледни ме сега со истата онаа љубов со која ме гледаш на фотографијата. Те сакам засекогаш“ – напиша Далма.
View this post on Instagram
Последно збогум испрати и неговиот син Диего Марадона јуниор од Неапол, искажувајќи огромна болка што го загубил човекот на својот живот.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА