Прво го шокираше светот со „рабона мајсторија“, па го шокираше Мурињо со црвен картон (ВИДЕО)

Ерик Ламела го постигна веројатно еден од најдобрите голови во историјата на фудбалот со кој му донесе водство на Тотенхем во дербито против Арсенал од 1-0. Сепак, бајката која почна за Аргентинецот и Тотенхем во дербито на северен Лондон, веројатно нема да има среќен крај.

Прво „топчиите“ израмнија преку Одегард, а потоа направија и целосен пресврт со голот на Лаказет од пенал. Да биде проблемот уште поголем Ламела поради еден непотребен удар со рака во главата на противникот доби втор жолт, по што мораше да ги остави соиграчите на цедило.

 

Се вчитува...