Првото национално кикбокс-првенство за 2021 година со извонредна организација и во време на пандемија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кикбокс Маитаи федерација на Македонија (КМФМ) изминатиов викенд А1 арената во Скопје го организираше Првото национално кикбокс првенство за 2021 година за сите возрасни категории.

КМФМ уште еднаш на извонреден начин организираше спортски настан, и во време на пандемија, испратен со одлична спортска атмосфера и беспрекорно почитување на здравствените мерки.

Ова е прво национално кикбокс-првенство кое е организирано последната година, од почетокот на пандемијата. Шампионатот се одржа со почитување на сите мерки согласно Протоколот за спортски натпревари во време на пандемија на КМФМ и Општиот протокол за спортски настани за време на пандемија од македонската Влада, а секако со дозвола на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

На првенството учествуваа 184 натпреварувачи од вкупно 24 кикбокс клубови од целата држава, при што за најуспешен кикбокс клуб е прогласен КБК Шампион од Скопје пред КБК Гладијатор од Скопје и КБК Будо од Кавадарци.

Во рамките на првенството се одржа и подготвителен судиски семинар за судиите на татами и ринг и тренерски семинар.

Реализацијата на овој масовен натпревар беше потпомогната од страна на Агенцијата за млади и спорт на РМ, од Карате федерацијата на Македонија, како и неколку домашни компании од приватниот сектор.

Се вчитува...