Првото коло од ракометната Суперлига на Македонија веднаш го носи и првото супер-дерби, дуелот меѓу Охрид и Е. Пелистер вечерва од 19 часот во СЦ „Билјанини извори“ во Охрид.
Тимот на Лино Червар денеска гостува во Охрид во желбата да дојде до првите бодови од дуелите со лутите конкуренти за титулата.
Охриѓани ја имаат предноста на домашниот терен, но јасно е дека овие пресметки, заедно со дуелите против останатите два члена на големата ракометна четворка – Вардар и Алкалоид, ќе го кројат патот до шампионската круна сезонава.
Големото дерби ќе го суди меѓународната судиска двојка од Битола, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.
СУПЕРЛИГА 1.КОЛО
ДЕНЕСКА – НЕДЕЛА, 6 СЕПТЕМВРИ
18:30 СТРУГА – ГРК ТИКВЕШ
19:00 ГРК ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
РЕЗУЛТАТИ – ВЧЕРА:
ВАРДАР 1961 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 31-19
БУТЕЛ СКОПЈЕ – МЛАДОСТ 30-30
ПРИЛЕП – КУМАНОВО 38-31
АЛКАЛОИД – МУЛТИ ЕСЕНС 38-28
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
