Првото видео интервју на Роналдо „Франкенштајн“: Отсекогаш бев специјално дете!

Урнебесната биста на Роналдо на аеродромот во Мадеира, со кои со денови се шегува светот, и натаму не престанува да биде центар на вниманието. Па, си доби дури и брилијантна видео епизода во режија на португалскиот „Футбол“.

Духовитите уредници потполно го демолирале Кристијано, по примерот на бистата, извлекувајќи негови изјави од претходни интервјуа во кои самиот си се фали.

„Ако поразговарате со моите тренери од детството сите ќе ви кажат дека сум бил посебен. Ќе ви кажат дека сум бил сосема поразличен од сите други деца. Некако сум бил посебен“ – вели Роналдо “Франкенштајн“ во своето прво видео интервју.

Се вчитува...