Првото засилување на Барселона доаѓа од Премиерлигата

Барселона ја врати титулата во Ла Лига во своите витрини, а веќе започна со работа за задржување на истата и по следната сезона. За нов успех ќе бидат потребни засилувања, а шпанскиот гигант веќе го намерачи првиот трансфер ова лето.

Станува збор за Рубен Невез, фудбалерот на Вулверхемптион кој веќе подолго време е на радарот на премиерлигашките гиганти. Но за реализација на трансферот, каталонците имаат и адут во ракавот наречен Жорже Мендеш.

Суперагентот кој веќе долго време има беспрекорна соработка со англискиот тим и Барселона веќе ги договориле условите за трансфер со тоа што на „Островот“ ќе биде пратен Ансу Фати кој важеше за мега талент, но не ги испилни очекувањата.

Се вчитува...