Првото засилување на Мурињо во Реал ќе биде – Хрват!

Веќе се подготвува Реал Мадрид за идната сезона. Жозе Мурињо на клупата, тимот ќе добие и нови играчи, а прв кој ќе пристапи на „кралевите“ ќе биде хрватски интернационалец.

Според информациите, Мурињо му фрлил „око“ на дефанзивецот на Манчестер Сити, Јошко Гвардиол, и ја испитува можноста да го донесе на „Сантијаго Бернабеу“.

Гвардиол може да игра и како лев бек, и како стопер, и ќе биде добродојден во одбраната на Реал, која оваа сезона покажа многу слабости, и можеби беше една од „виновниците“ што сезоната заврши без освоен трофеј.

Мурињо исто така ќе мора да го „гаси пожарот“ во соблекувалната на Реал, настаната со караница меѓу неколку играчи, а се шпекулира дека еден од Винисиус и Мбапе ќе мора да си замине од Мадрид.

Се вчитува...