ПСС: Заштитни и превентивни мерки за клиентите

Согласно актуелната ситуација поради „Корона“ вирусот, превентивните и заштитни мерки кои ПСС ги превзема и ќе ги примени од понеделник, 16.03.2020, се следниве:

1. Опслужувањето на шалтерите во сите станици на ПСС ќе биде ограничено на највеќе до тројца клиенти (на препорачана дистанца) за да се избегнат групи и редици што е високоризично како за клиентите истовремено и за вработените. Строго ги замолуваме сите трпеливо да го чекаат својот ред во сопствениот автомобил (а не внатре во просториите), додека не бидат повикани на ред. Влезот на странките ќе биде запазен и регулиран од страна на наши вработени лица.

2. Секое возило во „сервис“ службата ќе биде внесено исклучиво од вработените. Влезот за невработени во сервисот ќе биде забранет.

3. Внатрешно перење на автомобили ќе биде дозволено само во ПСС – Зајчев Рид и ПСС – Ново Лисиче, и тоа само од страна на сопственикот на автомобилот, на своја сопствена одговорност; повикуваме истото да се прави со чисти, превриени крпи кои ќе ви бидат дадени во пералната.

4. Секторите „Администрација“ и „Финансии“ ќе бидат достапни за клиентите во вообичаните работни часови, исклучиво преку мејл и телефон.

Повикуваме на општестевна одговорност и придржување до горенаведените мерки како и до општите препораки, да поведеме грижа за себе и сите наоколу.

Благодариме на вниманието.

Со почит,
Тимот на ПСС

Се вчитува...