ПСВ бара тренер: Шмит го напушта кормилото на лето

Германскиот тренер Роџер Шмит одлучи да не го продолжи договорот со ПСВ кој истекува на лето, и се реши да си замине од клубот. Менаџментот на ПСВ сакаше да го продолжи договорот на Германецот, кој е во клубот од 2020 година.

„Имавме неколку недели добри разговори и нашата желба беше да продолжиме со Роџер. Но, Роџер се реши да замине. Ние мислиме дека тоа не е праведно, но не ја менува нашата цел да освоиме трофеј сезонава“, рече спортскиот директор Џон де Јонг.

Наводно Шмит најавил дека ќе се пензионира, но информациите од Германија велат дека ќе се врати во Бундес-лигата. Пред неколку месеци беше поврзуван со клупата на Лајпциг.

Се вчитува...