Фановите на ПСЖ се уште се во еуфорија по потписот со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и голем број од нив одлучија веднаш да го купат дресот со број 30 што Лео Меси ќе го носи во Париз.
Претходните денови се појави информација дека францускиот клуб има продадено повеќе од 800.000 дресови на аргентинскиот фудбалер, некои дури споменаа и милион бројки, но се покажа дека овие бројки не се точни.
Фабиен Алегре, маркетинг директор во парискиот клуб, ги отфрли информациите за овие бројки.
„Лудо е воопшто да се зборува за такви бројки. Вистина е дека продажбата е навистина феноменална, подобра од било кога, но ние сме далеку од продажба на милион дресови. Договорот со Меси беше завршен многу брзо. Ние исто така реагиравме брзо, но работиме со нашите партнери да имаме доволен број дресови на пазарот. Ние не сме волшебници”, изјави Алегре.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА