„ПСЖ е само еден од клубовите што ме бараат, се уште немам донесено одлука“

Лионел Меси се уште нема донесено одлука за наредниот чекор во кариерата, откако пред само два дена дозна дека ќе мора да ја напушти Барселона по 21 година мината во таборот на каталонскиот гигант.

ПСЖ се наметнува како лидер во трката, весникот „Л’Екип“ тврди дека Аргентинецот денеска ќе ги мине лекарските прегледи во Париз, но Меси тврди дека нема постигнато договор со ниту еден од заинтересираните клубови.

„ПСЖ е една од опциите, тоа е точно. Но, не е точно дека сум се договорил со некој клуб и дека сега ќе следат потпис и лекарски прегледи. Добив многу понуди по официјалното соопштение од Барселона, разгледуваме различни опции, ништо не е решено“, изјави Меси.

Се вчитува...