ПСЖ ги искористи грешките на Нант (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен стигна до победа на гостувањето кај Нант од 0-3 во 9. коло од француската Лига 1. Иако ПСЖ во текот на целиот натпревар беше далеку подобар противник, големиот фаворит во 16. минута имаше огромна среќа бидејќи Моузес Симон успеа да го промаши невозможното.

Во второто полувреме „светците“ ги разрешија сите дилеми. Прво Андер Ерера стрелаше во 47. минута за 0-1, а потоа Килијан Мбапе во 64. од пенал зголеми на 0-2. Во продолжение домаќините не успеаја да искористат и пенал во 69. минута, а конечните 0-3 ги постави Пабло Сарабија во 89. минута.

ПСЖ е прв на табелата со 21 бод, односно три повеќе од второпласираниот Лил кој има и натпревар помалку. Нант е 15. со осум бода.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...