И покрај тоа што Еурофарм Пелистер ги загуби и теоретските шанси да се пласира во следната фаза во Лигата на шампионите, сепак, тоа не е причина салата да не биде исполнета до последното место за мечот со ПСЖ.
Францускиот тим предводен од поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалез го чека вистински „пекол“ во Битола, откако Еурофарм Пелистер објави дека ги има распродадено сите билети за овој меч.
ПСЖ ќе мора да оди на победа, ако сака да ги задржи шансите за второто место на табелата, додека битолскиот тим нема веќе никакви шанси за пестото место по поразот од Фуксе Берлин минатото коло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА