ПСЖ го контактирал таткото на Меси, но Аргентинецот веќе знае каде ќе ја продолжи кариерата

Лионел Меси најверојатно летово ќе ја напушти Барселона и само е прашање во кој клуб ќе ја продолжи кариерата. Заинтересирани за неговиот потпис се многу клубови, но малку може да си дозволат во своите редови да го доведат најдобриот фудбалер на планетата.

Еден од фаворитите за негов потпис е францускиот Пари Сен Жермен, а неговиот татко веќе контактирал со раководството на клубот како би ги договорил личните услови, пренесува реноминираниот „Л’Екип“. Спортскиот директор на ПСЖ Леонардо разговарал со таткото на Меси, Хорхе и имал разговор околу преселбата на Лео на „Паркот на принцовите“. Како голем плус за Французите е тоа што во тимот го имаат Нејмар, фудбалер со кој Меси во Барселона одлично соработуваше.

Сепак, Хорхе Меси му се заблагодарил на Леонардо велејќи му дека неговиот син веќе одбрал каде ќе ја продолжи кариерата. Се работи за англискиот Манчестер Сити каде повторно ќе соработува со Пеп Гвардиола.

Се вчитува...