ПСЖ го освои турнирот во Стразбур, Манасков пред Лазаров и Вардар

Пари сен Жермен е освојувач на силниот ракометен турнир што во изминатите денови се играше во Стразбур, откако „светците“ во големото финале славеа над европскиот првак Монпелје со 33-30. Ракометарите на Монпелје беа подобри во поголемиот дел од првото полувреме, но избраниците на Раул Гонзалес направија пресврт во вторите 30 минути, во кои го контролираа резултатот. Клучни беа последните десетина минути, кога по тајмаутот на Раул при водство од 28-27 следеше серија на ПСЖ од 4-0 со која практично и беше решен победникот во ова финале.

Дејан Манасков со Веспрем не успеа да стигне ниту до третото место откако во „малото финале“ загуби од Брест Мешков со 26-27. Левото крило на нашата репрезентација не успеа да се запише меѓу стрелците, најефикасни кај Веспрем беа Ненадиќ и Мае со по пет погодоци, додека кај Брест прв стрелец беше Шкурински со шест погодоци.

За потсетување, во мечот за петтото место Кире Лазаров со Нант славеше над Вардар со реззултат 29-27.

Се вчитува...