ПСЖ го задржува Покетино до 2023 (ВИДЕО)

Маурицио Покетино не успеа да ја задржи титулата во француското првенство на „Паркот на Принцовите“ откако ПСЖ заврши на втората позиција табелата изминатата сезона, но и покрај тоа клубот ја продолжи довербата со аргентинскиот стратег до 2023 година.

Искусниот стратег кој следната година ќе има мега тим во походот кон освојување на титулите на домашната сцена, но и Лигата на Шампионите не го криеше задоволството од продолжување на довербата за која вели дека е клучна за успех.

„Пресреќен сум. Многу е битно да ја осеќаш довербата од клубот и можам да кажам дека ќе направиме се за да ги направиме навивачите на ПСЖ горди. Пред дваесет години бев капитен на клубот, а денеска сум тренер. За мене ова е остварување на сонот“, изјави Покетино.

Се вчитува...