ПСЖ ја одреди цената за Верати

Марко Верати не е најстандарден кај Унаи Емери, што придонесе повторно да стартуваат гласините околу евентуалното заминување на овој фудбалер од ПСЖ. Италијанскиот плејмејкер веќе подолго време се наоѓа на листата со желби на европските гиганти, па и покрај неодамна потпишаниот нов договор лесно може да се случи тој во текот на летото да си замине од „Паркот на принцовите“.

Францускиoт шампион сепак нема лесно да се откаже од одличниот организатор на играта, па цената што ја одредил не им оди во прилог на заинтересираните клубови. Како што јавува „Спорт Медиасет“, ПСЖ ќе бара огромни 85 милиони евра за да се раздели од Верати, фудбалер со кого има договор до 2021 година. Верати одигра одлично на првиот осминафинален меч од ЛШ против Барселона, уште еднаш потврдувајќи дека е играч од највисока класа.

Интер се надева да го доведе Италијанецот во своите редови како предводник во создавањето на нова шампионска екипа, но прашање е дали кинеските газди на „нероаѕурите“ ќе се согласат на толку висока отштета. Реал Мадрид исто така извесно време се интересира за Верати, но приоритет на „кралевите“ во претстојниот преоден рок ќе биде ангажман на врвен голгетер.

Се вчитува...