ПСЖ му нуди 50 милиони на Јунајтед за услугите на Пол Погба

Францускиот Пари Сен Жермен, не планира да застане кога е во прашање формирање на тим кој треба да ја нападне титулата во Лигата на шампионите. По доведувањето на Серхио Рамос, Џанлуиџи Донарума, Ашраф Хакими и Џорџино Вијналдум „светците“ сега се насочуваат кон „ѕвездата“ на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.

Тимот од главниот град на Франција испратил понуда до „црвените-ѓаволи“ вредна 50 милиони евра. Од „Олд Трафорд“ иако сакаат да се ослободат од Погба, тешко дека ќе ја прифатат оваа понуда бидејќи е далеку од неговата вредност на пазарот.

Сепак, како предност за парижани е тоа што следната сезона на Погба му истекува актуелниот договор со Јунајтед, па доколку премиерлигашот не го продаде летово, тој на крајот на сезоната може да замине како слободен фудбалер.

Се вчитува...