ПСЖ на лето ќе го купува Агуеро?

Францускиот првак Пари Сен Жермен доживеа болна елиминација во Лигата на шампионите од Барселона, но тоа нема да ги поколеба сопствениците на клубот да продолжат да вложуваат со несмалено темпо, се додека не успеат да се искачат на врвот на Европа. Претседателот на ПСЖ, Насер Ал – Келаифи, одобрил дополнителни средства за летниот преоден рок, за да бидат ангажирани значајни засилувања и ПСЖ повторно да се обиде да стигне до самата завршница во елитното европско клупско натпреварување.

На „светците“ им е потребен нов напаѓач, кој би му ја олеснил работата на Единсон Кавани. Прв избор е Аргентинецот Серхио Агуеро, кој оваа сезона падна во втор план кај Пеп Гвардиола по доаѓањето на Габриел Хесус, но Бразилецот се повреди, по што тој повторно доби можност да биде стартер.

ПСЖ сака да ја искористи оваа ситуација и во летниот преоден рок ќе се обиде со сите сили да го купи Агуеро. Се очекува првичната понуда на францускиот клуб да изнесува околу 60 милиони евра. Агуеро има актуелен договор со Манчестер сити до 2019 година, а би бил достапен за трансфер за 60 милиони евра.

Се вчитува...