ПСЖ не знае за доста: Следен на листата на желби е Кристијано Роналдо

Веќе долго време се зборува дека Кристијано Роналдо ова лето би можел да го напушти Јувентус една година пред истекот на неговиот договор со „Старата дама“ и да се пресели во ПСЖ.

Според „Футмеркато“, спортскиот директор на парижаните, Леонардо е во постојан конакт со агентот на Португалецот, Жорге Мендеш. Двајцата веќе разговарале под кои услови Роналдо би се преселил на „Паркот на Принцовите“.

Напаѓачот три сезони го носи дресот на Јувентус, но очигледно е дека не е пресреќен во таборот на „бјанконерите“. ПСЖ летово потпиша со звучни имиња, меѓу кои ги официјализираше договорите со Ашраф Хакими, кој доаѓа од Интер за 70 милиони евра, потоа како слободен агент потпиша Џорџињо Вајналдум, денеска се очекува официјализацијата на договорот со Серхио Рамос, а по завршувањето на Европското првенство за ПСЖ ќе потпише и голманот на Италија и Милан, Џанлуиџи Донарума.

Ако ПСЖ успее да го договори и Роналдо, со тоа веројатно ќе му парира на Реал Мадрид, кој во летото 2009 година ги доведе токму Кристијано Роналдо, Кака, Карим Бензема и Чаби Алонсо во еден преоден рок.

Се вчитува...