ПСЖ со богатство и го „краде“ Вајналдум на Барселона

Се поизвесно е дека Џини Вајналдум нема да го продолжи договорот со Ливерпул, а разврската за тоа каде ќе заврши Холанѓанецот добива и нови размери. 30-годишникот беше на чекор до потпис со Барселона, но сега во целата приказна се појави и ПСЖ.

Богатиот клуб од Париз веќе стапил во контакт со Вајналдум, а како што пренесуваат медиумите на „Островот“ му понудил и значајно поголема плата од онаа која може да си ја дозволат каталонците. Вајналдум беше желба на „Светците“ и во 2014 година, но тогаш од редовите на ПСВ Ајдховен направи трансфер во Њуксасл.

Доколку Барселона не успее да го доведе Холаѓанецот во своите редови тоа ќе биде сериозен удар за амбициите на клубот кој во овој трансфер период се одлучи да се осврне кон слободните играчи. Како потсетување, претходно на „Камп Ноу“ пристигнаа Кун Агуеро и Ерик Гарсија.

Се вчитува...