ПСЖ со победа на Енфилд завери полуфинале во ЛШ (ВИДЕО)

Екипата на ПСЖ е во полуфиналето во Лигата на шампионите, и ќе се бори за одбрана на пехарот од ова натпреварување, откако на Енфилд успеа да обезбеди триумф од 0-2 и така да го завери пласманот меѓу најдобрите четири тима.

Француската екипа најпрво одолеа на нападите на Ливерпул, а потоа во второто полувреме дојде и до и до победа и со вкупни 4:0 се пласираше во завршницата од најелитното европско клупско натпреварување.

Откако по првиот дел и двата тима имаа шанси, а не ги искористија, во второто полувреме Ливерпул тргна на се или ништо. Сепак, тоа го искористи ПСЖ кој успеа да погоди во 72. минута за предност на ПСЖ. Дембеле доби топка од Кварацхелија, измами еден играч на домаќините,  и беше прецизен шутирајќи во долниот десен агол. 

ПСЖ мирно ја чекаше шансата за втор гол, а тоа му успеа на Дембеле во судиското надополнување кога Баркола по еден противнапад асистираше до својот соиграч, кому не му беше тешко да го најде патот до мрежата. 

Овој меч мина во сенка на повредите на тројца играчи. Најпрво Екитике мораше да биде заменет поради повреда во првиот дел, а кај ПСЖ играта ја напушти најпрво Нуњо Мендеш во првото полувреме, а потоа и Дуе на стартот од вториот дел.

Се вчитува...