ПСЖ со понуда до Кјелце – Раул Гонзалес го носи Циндриќ во Париз?

Хрватскиот репрезентативец, Лука Циндриќ кој на крајот на сезоната од Вардар се пресели во Кјелце, може повторно да заигра под водство на тренерот Раул Гонзалес, но овој пат во тимот на ПСЖ. Шпанецот е заинтересиран да го донесе талентираниот плејмејкер во својот тим, а во прилог му оди финансиската криза со која се соочува полскиот шампион.

„Марка“ објави дека ПСЖ веќе испратил понуда до Кјелце за да го откупи договорот на Циндриќ, но во полскиот тим се прават обиди да се стабилизира ситуацијата, а Талант Душебаев барем засега нема намера да се откаже од Хрватот.

Никогаш не може да е сто проценти сигурно, но овој тим е речиси сигурно затворен. Може да играме квалитетно и во напад и во одбрана“ – истакнува Раул Гонзалес во интервјуто за „Марка“.

Се вчитува...