ПСЖ со пресврт славеше против Лион

ПСЖ ја доби дерби пресметката од 30. коло во француската лига славејќи со 2-1 против Лион. На тој начин, „принцевите“ ја продолжуваат битката за шампионската титула со Монако повторно останувајќи на само три бода заостанување зад лидерот.

Лион прв дојде до водство на дуелот со голот на Лаказет уште во 6. минута од средбата.

Но, веќе во првото полувреме ПСЖ дојде до пресвртот. Најпрво во 34. минута израмни Рабио, а потоа во 40. минута Дракслер ја донесе победата.

Julian Draxler Goal HD – PSG 2-1 Lyon – 19-03-2017 by Video-Sport

ПСЖ сега има 68 бода на втората позиција, додека Монако е лидер со 71 бод. Ница остана на третата позиција со 64 бода.

Се вчитува...