ПСЖ во последните секунди извлече триумф против Мец

Пари Сен Жермен во драматичен финиш успеа да слави значаен триумф од 2-3 на гостувањето против Мец. Блес Матуиди со гол во третата минута од судиското продолжение донесе победа за „светците“ на овој меч.

А не мораше да биде така драматично за ПСЖ. Тимот на Унаи Емери имаше водство од 0-2 по првото полувреме, со головите на Единсон Кавани и на Блес Матуиди. Но, Мец се разбуди во завршницата. Во 78.минута, Жуфре од слободен удар намали на 1-2, а во 88.минута, Диабате го израмни резултатот. Сепак, во продолжението ПСЖ повторно нападна со сите сили и преку Матуиди стигна до триумф. Сега „светците“ имаат 77 бода, исто колку и лидерот Монако, но и еден одигран меч повеќе.

All Goals & Highlights HD – Metz 2-3 PSG – 18… by Video-Sport

Се вчитува...