Пујол ги претстави новите дресови на Барса – Посебен дизајн наменет за само еден натпревар

Барселона утрово ги воодушеви навивачите презентирајќи уште еден нов сет на дресови. Каталонскиот клуб претстави нов дизајн кој е во знакот на боите на клубот, но и на Каталонија. Фудбалерите на Барса овие дресови ќе ги носат само еднаш оваа сезона, и тоа на „Ел Класико“ против Реал Мадрид.

Според индормациите, од денес, овие дресови се во продажба, а според коментарите на социјалните мрежи, фановите се воодушевени од дизајнот подготвен од „Најк“.

Честа прв да ги презентира овие дресови ја имаше легендарниот играч на Барселона, Карлес Пујол, кој позираше со новиот дизајн и даде најава дека оваа нова постава на дресови ќе биде носена за еден и единствен натпревар, а тоа ќе биде годинава во месец април на дуелот против лутиот ривал, Реал Мадрид.

 

Се вчитува...