„Пушкаш“ наградата за 2022 година му припадна на Марцин Олекси (видео)

Голот на 2022 година во изборот на „The Best“ наградата на ФИФА му припадна на Марцин Олекси. Полјакот настапува во првенството за хендикепирани, а погодокот со „ножички“ во дресот на Варта Познањ сосема заслужено ја доби престижната награда.

За конкуренција полскиот фудбалер ги имаше Французинот Дмитри Паје и Бразилецот Ричарлисон.

Се вчитува...