Пуштени во продажба билетите за квалификациските дуели на надежите во Битола

Македонската репрезентација до 21 година на 13 и 18 ноември на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола ќе одигра два домашни натпревари од квалификациите за Европското првенство 2027.

Продажбата на билети за натпреварите на македонската репрезентација против Шведска и Полска се одвива преку електронската платформа на ФФМ, eticket.ffm.mk и во продажните места на Димпо Тобако во Битола. Цената на билет изнесува 200 денари.

„Бидете поддршка за нашите фудбалски надежи во важните квалификациски натпревари против Шведска и против Полска“ – порачуваат од ФФМ.

Се вчитува...