Пуштени во продажба билетите за мечот Вардар – Купс, мечот се игра на 7 јули

И официјално, натпреварот меѓу Вардар и Купс од 1. квалификациско коло за Лигата на шампионите ќе се игра на 7 јули со почеток од 19 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Од таборот на Вардар и информацијата дека од денеска се пуштени во продажба билетите за натпреварот.

Истите ќе можат да се купат преку продажната мрежа на МкТикетс, по цена од 200 денари.

Реванш дуелот меѓу двата тима ќе се игра на 14 јули во Финска.

Се вчитува...