Работна средба во МОК за унапредување на олимпискиот спорт дигање тегови

Во Олимпискиот центар Јане Сандански се одржа работна средба меѓу раководствата на МОК, Европската и Македонската федерација за дигање тегови на која претседателите Даниел Димевски, Ирена Митровска и Антонио Конфлити разговараа за унапредување на Олимпискиот спорт – Дигање тегови.

На средбата беа договорени обуки за тренери, судии, спортска администрација, како и добивање на донација во спортска опрема за унапредена работа на Македонската федерација за дигање тегови. Соодветна помош во имплементацијата на Анти-допинг програмите на федерацијата и на МОК, помогната од страна на Европската и Светската федерација за дигање тегови исто така беше договорена.

Двете страни изразија огромно задоволство за можноста за организација на Европско првенство во дигање тегови во Олимпискиот центар Јане Сандански, а и во однос на вклучување на овој спорт на Европските Младински Олимписки Игри Скопје 2025.

Се вчитува...