Работнички бруси нови бисери: По Елмас, Велковски, Тошевски…, на ред се Станковски, Тодоровски (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Продолжувајќи ја својата препознатливост, барем кога е во прашање „кроењето“ млади таленти на домашната фудбалска сцена, Работнички очигледно бруси нови бисери за македонскиот фудбал.

По Елиф Елмас, Дарко Велковски, Дамјан Шишковски, Давид Тошевски…., на ред се очигледно 18-годишниот Лука Станковски и Димитар Тодоровски кои играа одлично сезонава во Првата македонска фудбалска лига. Сето тоа отворено демонстрирано и на денешниот натпревар во ремито против Шкупи. Фаворитот од Чаир не успеа да дојде до посакуваната победа, само поради плејадата млади фудбалери во тимот на Ратко Достаниќ, на чело со Станковски кој одигра одличен меч со гол и асистенција за својот тим.

 

Се вчитува...