Работнички доаѓа во Аеродром на стартот од новата сезона

Новата сезона од кошаркарскоѕо птвенство ќе стартува викендов без дерби натпревар во рамките од првото коло.

На денешната ждрепка беше утврдено дека МЗТ Скопје одбраната на титулата ќе ја стартува со гостување во Гевгелија против Кожув, додека Работнички во првото коло ќе гостува во Аеродром, на дуел со вториот тим на МЗТ. Гостивар ќе биде домаќин на новиот прволигаш Академија ФМП, Куманово ќе го пречека засилениот Пелистер, додека Вардар во Скопје ќе се сретне со Еуроникел од Кавадарци.

Во новиот систем со десет екипи, најдобрите шест од нив ќе продолжат во Супер-лигата, додека останатите четири ќе разигруваат за опстанок во плејаут лигата.

 

ДВОЈКИ ЗА ПРВО КОЛО

Вардар – Еуро Никел 2005
Кожув – МЗТ Скопје Аеродром АД
МЗТ Скопје Аеродром – Работнички
Гостивар – Академија ФМП
Куманово 2009 – Пелистер

Денеска исто така беа извлечени двојките за првото коло од новата сезона во женска конкуренција, во кое ќе се сретнат: Баскет Кам – Студент Академија, Патриот 2016 – Шкупи, Трокал – Вардар, Пробаскет Академија – Гостивар 2009, Пантери – Струга, Бадел 1862 – Крива Паланка.

Се вчитува...