Работнички донесе центар од Девствените острови

Работнички за првпат сезонава врза три победи во Првата лига, а „центарци“ би требало уште посилни да влезат во завршната фаза од сезоната по договорениот трансфер на Иван Аска.

Станува збор за кошаркар кој е поранешен репрезентативец на Девствените Острови, а кој настапува на позициите четири и пет. „Центарци“ беа најтенки на овој дел од тимот во последно време, шанса добиваше и сосема солидно ја користеше Љубомир Младеновски, чија минутажа сигурно значително ќе се намали со доаѓањето на овој кошаркар.

Аска во кариерата има настапувано во Грција (ПАОК), Франција (Нанси), Грција (Колосос), како и во неколку израелски клубови. Тој доаѓа во Работнички токму од израелскиот Хапоел Хевел Модиеин, каде во просек постигнуваше по 21 поен и 8,6 скокови по натпревар.

 

Се вчитува...