Работнички е многу подобар од „вториот“ МЗТ

Работнички успешно ја стартуваше новата сезона победувајќи го вториот тим на МЗТ Скопје на убедлив начин, со 103-58. Тоа е дебитантски триумф на новиот тренер на составот од Градски парк, Димитар Мираковски, но, сепак, и не е вистинско мерило за овој новоформиран тим на Работнички.

Домашниот тим по првиот период оствари десет поени (24-14) предност, а на полувремето водеше со 48-35. Очигледната разлика во квалитетот беше уште повидлива во третата и посебно во четвртата четвртина, па на крајот Работнички триумфираше со 45 поени разлика.

Виктор Ефремовски со 23 поени беше најефикасен во победничкиот состав, следеа Бенџамин Двејн (19) и Хејден Лескот (18) и Данило Мијатовиќ (15).

Во редовите на МЗТ Скопје 2, Леонид Тодоровски и Борјан Стојановски постигнаа по 12 кошеви.

Се вчитува...