Работнички е најуспешен клуб на Државниот онлајн шампионат во традиционално карате

Карате клубот Работнички со шест освоени златни одликувања од вкупно 11 возрасни категории е најуспешниот клуб на 52. Државен онлајн шампионат на Македонија во традиционално карате во кихон за деца и фукуго за сениори-јуниори и кадети.

На шампионатот учествуваа 68 каратисти од 15 клубови од Македонија. Првенството го отвори претседателот на МТКФ, проф. Венцислав Недев.

Се вчитува...